Велешки „Брако“ го промовира првото возило на водороден погон во Европа

Велешката компанија „Брако“ денеска во кругот на фабриката го презентираше првото возило на водороден погон во Европа, нов модел целосно развиен и произведен во земјава, под брендот „Грин машинс“, којшто е дел од компанијата „Брако“.

Zito akcija 640x289px

“Веќе направивме пробно возење. Ова е гордост за Велес и за инжињерите на Брако. Едниот тип е првото во светот водородно возило на хидрогенски погон за чистење на улици и произведено е во нашите хали и дело на 60-тината инжињери на Брако, чија просечна старост е под 30 години, а тројца се вратија во Македонија од светските универизтети. Две се веќе продадени во Амстердам и Утрехт и веќе ја обавуваат својата функција. Вториот тип на возило е комплетно развиено во оваа фабрика, како дизајнот, така и повеќето делови како компненти се произведени во овие хали. Тоа не е само монтажа. Ова е едно од најмодерните во својата класа и има најсовремени системи на управување”, рече машинскиот професор.

Agria

На настанот бea присутни и премиерот Зоран Заев,
вицепремиерите за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции Фатмир Битиќи и за борба против корупцијата и криминал, одржлив развој и човечки ресурси Љупчо Николовски, како и министрите за економија Крешник Бектеши и за локална самоуправа Горан Милевски.

Заев рече дека инвестициите на Брако оваа година се во вредност од 8 милиони евра во производствени погони, хали и машини за производство на еколошките возила под брендот на „Грин Машинс“.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/19453/napadnat-veleshanecz-od-kuche-skitnik/