Општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ од Велес избра нов состав. Претседателот Игор Здравсковски, кој беше реизбран на функцијата и доби право да формира нов состав на Општинскиот комитет, за потпретседател ќе го има Марко Колев, а на позицијата секретар е избран Александар Каракачанов.
Општинскиот комитет го сочинуваат Ордан Ристовски, Весна Атанасовска, Никола Наков, Нада Трајкова, Невенка Ѓошева, Маја Демирџиева, Менче Андреева, Елизабета Митревска, Бојан Смилевски, Тони Голубовиќ, Горан Стојанов, Томе Јаневски, Даниел Јаневски, Игор Стојанов, Горан Наунчев, Александар Јамалов, Александар Стојановски, Дејан Палашев, Ѓорѓина Ристовска, Снежана Бошевска, Весна Јакимовска, Весна Маркова, Дарко Димитриевски, Васко Гетов, Зоран Јаневски, Зоран Алексов и Благој Папазов.
Претседателот Здравковски вели дека целта на новиот состав ќе биде, по претстојните локални избори, Велес да го развие економски и инфраструктурно, да го издигне културно и да ги подобри сите аспекти на живеење, со што, како што вели Здравковски, би се вратила довербата на граѓаните во институциите на системот и би се обезбедела нова сигурна и стабилна иднина на сите граѓани и идни генерации велешани.
„Новиот состав треба да претставува една симбиоза од различни профили, ликови и чинители кои имаат заедничка цел, а преку овој состав верувам дека ќе го постигнеме посакуваниот ефект затоа што сите, без разлика на пол, националност или верска припадност сме засегнати од ова што се случува во градот“, рече Здравковски.
Според него, Велес, како и Рапублика Македонија, во последните четири години западнаа во апатија, безидејност и состојба на криза на идентитетот кај граѓаните, спротивно од нивната слободна волја, кои водени од бесмисленоста и немањето визија на властите својот спас го гледаат во другите држави.
„Овој тим има за цел првенствено да направи обединување околу прашањето и иднината на Велес, да ги согледа сите аспекти и недостатоци во функционирањето на властите и жестоко да ги критикува, како и да понуди решенија на проблемите, да понуди визија и обединување околу нашиот “ Папок на светот” – градот Велес“.
Здравковски ги повика сите членови, симпатизери и поддржувачи на политиките на ВМРО-ДПМНЕ, како и сите граѓани кои се чувствуваат изневерени од, како што ги нарече, квислиншките политики и неработењето на локалната и централната власт, да се приклучат во работните тела на партијата и да придонесат за заедничка подобра иднина на сите.
Можеби ќе ве интересира: