Велешкиот театар со „Едвард втори“ ќе настапи на МТФ „Војдан Чернодрински“, Јордан Витанов награден за животно дело

edvard-vtori-prestava

Театарскиот ансамбл на велешкиот театар „Јордан Хаџи Константинов – Џинот“ со претставата „Едвард втори“ во режија на Андриј Жолдак ќе настапи на 58. МТФ „Војдан Чернодрински“, што ќе се одржи од 7 до 14 јуни во Прилеп.

Текстот продолжува под рекламата

Zito akcija 640x289px

Претставата е во 11 селектирани претстави и е дел во потпрограмата „Ново читање на класиците“ кои го имаат авангардниот пристап во третманот на драмите што се класични/лектирни, а истовремено и потенцијалниот нов моментум во третирањето на театарот.

Текстот продолжува под рекламата

Agria

Собранието на фестивалот одлучи наградите за животно дело да ги добијат актерите Мими Таневска-Србиновска и велешкиот актер Јордан Витанов. Мотото на фестивалот годинава е „Промени се , промени сè“.

Jordan Vitanov

Фестивалот ќе биде отворен со настан во чест на добитниците на наградата за животно дело, што ќе се одржи во Центарот за култура, а потоа ќе следува изведбата на претставата „Хеда Габлер“ на Драмски театар.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: