Одбојкарите на ГОК Борец се вицешампиони на Македонија. Во финалната серија од одбојкарскиот плеј оф велешани се поразени од екипата на Струмица Никоб со максимали 3:0 во победи.
Содржината продолжува под рекламата
Ова откако вчера во третиот финален меч одигран во салата „Парк“ во Струмица, домаќините славеа триумф со 3:0 во сетови, (25:18, 26:24, 25:19). За струмичани ова е јубилејна десетта титула во одбојкарскиот шампионат на Македонија.
Содржината продолжува под рекламата
Во првиот сет струмичани беа убедливи добивајќи го со 25:18. Во вториот сет Борец пружи силен отпор, имаше водство од 24:22, но домаќините освоија четири поени по ред и го земаа сетот со 26:24. Во третиот немаа проблеми, го добија со 25:19.
Можеби ќе ве интересира: