Пензионерите од Велес кои веќе извесен период се собираат за јавно да бараат поголеми пензии синоќа повторно оддржаа мирен протест во центарот на Велес. Тие и понатаму стојат на ставот дека бараат покачување од 3.5 илјади денари како и минимална плата од 18 илјади денари.
„Пензионерите со овие примања се понижени. Тоа се проверува по нивниот џеб, по нивниот стандард, по социјалниот статус. Проблемите и маките, наспроти ветувањата дека ќе се решат, се натрупуваат. Нашите барања ќе ги повторуваме до 20 месецов. Тогаш ќе одиме на голем протест во Скопје, пред Влада“ – порача Кире Василевски, член на иницијативниот одбор за повисоки пензии.
Владата формираше комисија, која треба да ги разгледа барањата на пензионерите и издржливоста за нивна примена, минимална пензија и линеарно покачување.
Протестот на велешките пензионери е организиран од Иницијативениот одбор на незадоволните пензионери.
Од Министерството за труд и социјална политика потврдија дека пакетот социјални мерки ќе бидат донесени во најскоро време, а законското решение за минимална плата се очекува да биде донесено до крајот на оваа година. Притоа, како што велат од таму, ќе се користат анализи, податоци, проекции и други информации подготвени од страните вклучени во работната група, за кои ќе се дискутира, а сите пристигнати предлози од ќе бидат разгледани.
Можеби ќе ве интересира: