Велешките пожарникари добија ново теренско возило, погодно за интервенции во тесни улици

Теренско возило за гаснење пожар, погодно за интервенции во тесни улици доби велешката противпожарна единица. Возилото, кое чини околу 32 илјади евра е донација од Амбасадата на Швајцарија во Македонија. Резервоарот за вода на возилото е со количина од од 500 литри, а велешките пожарникари ќе го користат и интервенции во селата во велешко, но и во соседните општини. Градоначалникот на Велес Марко Колев и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман му ги предадоа клучевите на командирот на Противпожарната единица Љупчо Лепидовски.

Zito akcija 640x289px

„Возилото има одлични перформанси, со пренос на сите четири тркала. Со него единицата ќе дејствува многу практично и ефикасно на тесните сокаци во градот. Во исто време, Територијаната противпожарна единица продолжува и со обуки на млади луѓе, преку програми и проекти“, рече командирот на ТППЕ Љупчо Лепидовски.

Можеби ќе ве интересира:

Agria

По краткатиот прием кај градоначалникот Марко Колев, амбасадорката Улман рече дека донацијата е резултат на согледаната потреба, по пожарите кои се случија годинава.

Можеби ќе ве интересира:

„Особено сум среќна што можеме да ја поддржиме Општина Велес преку донација на специјализирано возило за потребите на Територијалната противпожарната единица која ги покрива и териториите на соседните рурални општини, рече амбасадорката Улман.

Освен возилото, Општина Велес набави и дополнителна опрема за Територијалната противпожарна единица.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/26095/se-navrshuvaat-123-godini-od-raganeto-na-kocho-raczin/