Велика Британија прва држава која ја одобри вакцината на „Фајзер“ против Ковид-19

velika britanija
velika britanija

Велика Британија стана прва земја на светот која ја одобрила широката употреба на вакцината против ковид-19 што заеднички ја развија „Фајзер“ и „Бионтек“. Британскиот регулатор соопшти дека вакцината, која обезбедува 95-процентна заштита од ковид-19, е безбедна за употреба.

Zito akcija 640x289px

Вакцинациите би можеле да почнат во рок од неколку дена за лица од високоприоритетните групи.

Agria

Велика Британија веќе нарача 40 милиони дози – доволно за вакцинирање на 20 милиони луѓе, со по две инјекции.

Ова е најбрзо развиената вакцина во историјата, имајќи предвид дека од концептот до реализацијата поминаа само 10 месеци. Вообичаено, развојот трае и цела деценија.

Вакцината на „Фајзер“ и „Бионтек“ користи целосно експериментален пристап: вбризгување на дел од генетскиот код на вирусот, со цел да го тренира имунолошкиот систем, кој потоа произведува антитела и активира Т-клетки за да ги уништи заразените клетки. Потребни се две дози, примени со три недели растојание.

Од британската владата предупредуваат дека иако наскоро ќе почне вакцинирањето, луѓето треба да останат претпазливи и да продолжат да се придржуваат до воведените мерки.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: