Венко Филипче: Не очекува критичен период, мобилизиран е целиот кадар во јавно здравствените установи

Венко Филипче
Венко Филипче

Венко Филипче, по денешната десетта седница на Советот на безбедност за состојбата со коронавирусот рече дека не очекува период во кој бројот на дијагностицирани случаи ќе биде линеарен и ќе има потреба од болнички капацитети.

Zito akcija 640x289px

„Не очекува еден критичен период во којшто ќе има потреба од болнички капацитети. Тоа се случува насекаде во регионот. Ги гледаме и пратиме ситуациите во сите соседни земји – огромен пораст и покрај тоа што некои земји имаат дури и порестриктивни мерки на сила од нашите. Исто така, за жал имаме и пораст на смртни случаи. Во таква една ситуација, целосно е мобилизиран целокупниот кадар во јавно-здравствените установи. Согласно нашиот план секој еден тим во сите интерни клиники да има одговорен и интернист, и анестезиолог“, рече Филипче

Agria

Министерот посочи дека сепак можно е да дојде во ситуација да се потребни дополнителни ресурси, како болнички капацитети во смисла на кревети за сместување, така и кадар. И во овој момент се соодветен план, но тоа би значело во рамките на јавно-здравствените установи во еден момент ќе треба да се прекине со редовната работа, исто како што тоа беше еден период претходно и да се извршуваат само итните интервенции и интервенциите кај малигните пациенти“, додаде министерот Филипче.

Во врска на подготвеноста на клиниките за нови пациенти, министерот појасни дека два ката од зградата на Интерните клиники се речиси исполнети, а се подготвува и уште еден кат каде се наоѓаат одделенијата за оториноларингологија и за офталмологија, кои од утре треба да се стават во функција.

Министерот рече дека целокупниот кадар е практично на стенд бај и во координација со одговорните, дел од директорите на Интерните клиники се прават распореди за дежурства и за функционирање во следнит период.

„Сосема доволен број слободни кревети може да се стават во функција во ГОБ „8 Септември“, која ја задржа и својата вообичаена работа. Иницијално предвидениот број кревети близу 80, 90, веќе се пополнети, но може во следниот период согласно овој огромен притисок кој го имаме во изминатите денови, да запре тој систем „МојТермин“ и таму да се сместат уште повеќе пациенти. Значи целосна мобилизација, секојдневна координација, спремни сме и други клиники да ангажираме, тоа се дел од хирушките за што веќе имавме состанок. Веќе се прави интерен план заедно со повеќе директори на Хирушките клиники. Тоа би бил следниот чекор. Ќе направиме целокупен план кој ќе ги вклучи сите ресурси“, додаде Филипче.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: