
Министерот за здравство Венко Филипче изјави дека новата година ќе пречека дома, во кругот на семејството, и на тој начин вели дека ќе даде личен пример и апелира до граѓаните да бидат совесни, да не се групираат и да ги почитуваат препораките за време на празниците.
„Сакам да бидам пример за граѓаните, рече Филипче. Тој верува дека за претстојните празници ќе се почитуваат мерките за да нема нов пик на средината на јануари“, вели Венко Филипче.
Министерот вели дека со одговорно празнување нема да се расипе позитивниот тренд на намалување на бројот на нови случаи на болни од Ковид-19 и нагласува дека за првпат намален е и притисокот врз болиците.
Можеби ќе ве интересира:
