Венко Филипче: Во вакцинацијата нема политика, немаме проблем да ја набавиме руската вакцина

Venko-Filipce
Venko-Filipce

Министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на Телевизија 24 рече дека немаме проблем да ја набавиме руската вакцина против ковид-19, бидејќи во вакцинацијата нема политика, и додаде дека се одлучиле за вакцината на „Фајзер“ поради тоа што таа била понапредна во клиничките студии.

Zito akcija 640x289px

„Во вакцинацијата нема политика. Тоа е исклучиво прашање кое ги прави правилата во делот на завршување на студиите и сите сертификати кои вакцини ќе ги добијат. Затоа што „Фајзер“ беше понапредна во клиничките студии, затоа почнавме преговори со нив. Во моментот кога пристигна понудата од руската амбасада за набавка на „Спутник 5“, вакцината се наоѓаше во третата фаза на клиничката студија. Но, сè уште не е завршен целиот процес. Немаме проблем да набавиме. Не постои тука политика“, изјави Филипче.

Agria

Инаку вчера на граничниот премин Табановце стигна првата пратка од вакцини на „Фајзер“, донација од Република Србијја. Првите 4.800 од предвидените 8.000 вакцини против ковид-19 на премиерот Зоран Заев му ги предаде српскиот претседател Александар Вучиќ.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: