(ВИДЕО) Бајден е близу до победата, но уште е неизвесно, низ САД протести

На Џо Бајден му недостигаат само шест електорски гласа за Белата куќа, но стотици илјади гласови сè уште треба да бидат изброени во клучните американски сојузни држави за да се знае исходот од тесната битка меѓу Бајден и актуелниот претседател Доналд Трамп, кој веќе почна да презема правни дејства во државите во кои Бајден направи пресврт на резултатот.

Zito akcija 640x289px

Трамповиот тим во средата поднесе тужби со барање за запирање на броењето на гласовите во Џорџија, Пенсилванија и Мичиген, а бара и пребројување на гласовите во Висконсин.

Agria

Новите резултати од изборите во Америка, кои може да го откријат конечниот победник, треба да бидат познати во попладневните часови по средноевропско време, кога се очекуваат ажурираните податоци од Невада, Џорџија и Аризона.

Невада носи шест електорски гласа и токму таа може да биде клучот за победата на Бајден.

Трамп, кој на изборната вечер прогласи победа, а секој спротивен исход го нарече кражба, се соочува со многу потежок пат до победата. За да ја продолжи трката, Трамп мора да ги освои Џорџија и Аризона или Џорџија и Невада, откако американските медиуми објавија дека Бајден победил во Висконсин и Мичиген.

Ако успее во тоа, тогаш републиканецот за потребните 270 електори од електорскиот колеџ мора да победи во Пенсилванија, каде што неговата предност стабилно опаѓа, како и во Северна Каролина.

Сегашен вкупен изборен резултат: Бајден – 264, Трамп – 214

Сегашната состојба во клучните земји каде што сè уште трае броењето (според АП, ажурирано во 10:10 часот):

Пенсилванија – води Трамп. Доналд Трамп – 50,7%, Џо Бајден – 48,1%. Изброени 89%. Државата носи 20 електорски гласа.

Невада – води Бајден. Џо Бајден – 49,3%, Доналд Трамп – 48,7%. Изброени 75%. Државата носи 6 електорски гласа.

Џорџија – води Трамп. Доналд Трамп – 49,6%, Џо Бајден – 49,2%. Изброени 98%. Државата носи 16 електорски гласа.

Северна Каролина – води Трамп. Доналд Трамп – 50,1%, Џо Бајден – 48,7%. Изброени 94%. Државата носи 15 електорски гласа.

Комплетно вооружена, полицијата во Аризона мораше да ги чува луѓето што ги бројат гласовите

Демонстранти маршираа и се собираа низ САД во средата, додека исходот од претседателските избори останува неизвесен. Повеќето демонстрации беа масовни, мирни настани организирани од прогресивни групи, кои ги повикуваа службениците да го „избројат секој глас“.

https://youtu.be/Yd3dmy_tE7E

Но во некои градови, вклучувајќи ги Феникс и Детроит, приврзаниците на Трамп се собраа во центрите за пребројување гласови.

Во центарот за броење гласови во округот Марикопа, Аризона, службениците се соочија со дилема – дали привремено да престанат со броењето гласови поради гласните републикански демонстранти што се собраа пред центарот или да продолжат.

Имено, на социјалните мрежи меѓу Трамповите гласачи се прошири тврдењето дека гласовите за Трамп нема да се сметаат во вкупниот број гласови. Дел од демонстрантите дури влегоа во центарот, па беа избркани.

Службениците во еден момент беа принудени да повикаат полиција, но центарот за броење не престана да работи во ниту еден момент. Снимка од полицијата во полна тактичка опрема објави на Твитер новинарката на Еј-би-си њуз Никол Валдес.

Преземено од mkd.mk

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15150/policzijata-registrira-641-prekrshok-po-odnos-na-merkata-za-nosene-maska/