Кошаркарите на Борец Баскет ја забележаа и седмата победа во осмиот натпревар, или десета во првенството. На гостувањето во Тетово тие беа подобри од домаќините Тетекс ТТК со резултат 69:73.
Домаќините играа пред празни трибини откако беа казнети за минатонеделните пропусти во организацијата на натпреварот. Борец Баскет пак со седум играчи од сениорскиот тим, и во отсуство на играчите на двојна лиценца успееаја да го освојат целиот плен.
Содржината продолжува под рекламата
Најефикасен кај велешани беше Карталовиќ со 33 поени, додека кај домашните Никола Ристовски постигна 13 поени.
Можеби ќе ве интересира: