(ВИДЕО) Борец 1919 рутински го совлада Влазними јуниор за прва радост во првенството

Во второто коло од Третата фудбалска лига – Југ, Борец 1919 АД оствари рутинска и убедлива победа против екипата на Влазними Јуниор, славејќи со 4:0 на домашен терен.

Тимот од Велес уште од самиот почеток на натпреварот покажа надмоќ на теренот. Резултатот го отвори Милан Чичевски во 10. минута, прецизно реализирајќи удар од белата точка. Предноста беше зголемена во 36. минута кога Трајче Ѓорѓиевски ја затресе противничката мрежа по добро изведена акција.

Agria

Само четири минути подоцна, Илхан Имеров се запиша во листата на стрелци и на одмор се замина со високи 3:0 за домаќините. Конечниот резултат го постави Теодор Мирчевски во 47. минута, веднаш на почетокот на второто полувреме.

Ова беше прва победа за Борец во новата сезона, откако во првото коло претрпеа пораз од Росоман. Со оваа победа, велешани ја најавуваат борбата за повисок пласман и враќање на победничките патеки.

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: