Екипата на Борец Фруитленд обезбеди важен бод на домашен терен, завршувајќи со реми против Пролет 62 (25-25), благодарение на одличната игра во второто полувреме. Мечот беше целосно изедначен, а конечниот резултат е оправдан со оглед на играта што ја прикажаа двата тима. Првиот дел заврши со резултат (12-12)
Гостите, предводени од Тунижанецот, кој е позајмен играч од Вардар, изгледаше дека се поблиску до победата, но голманот на Борец, Паунов, направи неколку фантастични одбрани и го врати својот тим во игра. Пролет имаше шанса за победа, но шутот на Петковски беше успешно одбранет од Паунов.
Најдобар стрелец за Борец беше Ивица Илиев со осум гола, додека голманот Паунов имаше 13 успешни одбрани. Кај Пролет, Бакар постигна 12 гола, а голманот Петковски забележа 11 одбрани.