Фудбалерите на Работнички се радуваа на триумф во дуелот од првото коло на ПМФЛ, во Скопје против Борец со 1-0 (1-0). „Романтичарите“ беа подобри од велешани, во тврд натпревар, кој го реши дефанзивецот Александар Ристевски. Борец немаше сили, одбраната на Работнички беше одлично поставена и голот на Јанков остана незагрозен.
Текстот продолжува по огласот
Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ започна со испитување на силите. Работнички и Борец играа без преголем интензитет и како да не се борат за бодови, па со самото тоа и голманите немаа работа.
Текстот продолжува по рекламата
Иако играта не беше на високо ниво, Работнички успеа да поведе по половина час игра. Свој деби-гол во дресот на „романтичарите“ постигна Александар Ристевски. Новајлијата, кој дојде од Струга ТЉ, по еден слободен удар на Тодоровски, му избега на својот чувар Стоименовски и со глава го матира Милош Рниќ за 1-0.
Текстот продолжува по рекламата
Ниту по голот во мрежата на велешани, не се променија драстично работите на теренот. Двете екипи малку се размрдаа, но шансите одново изостанаа. Резултатот кој го постави Ристевски во 30. минута, беше активен и на полувремето во Скопје.
Во вториот дел, Борец се обидуваше да воспостави контрола на играта, но не им одеше од рака. Работнички се закани преку Станковски од далечина, а гостите од Велес имаа изгледна контра, ама проигрувањето беше лошо и голот на Јанков остана загрозен. Следеше период кој му припадна на Борец, како и неколку шанси по удари од далечина кои не беа многу опасни. Иако имаа предност, во завршните 15 минути фудбалерите на Работнички беа тимот кој повеќе напаѓаше. Откако го преживеаја краткиот налет на велешани, домаќините беа блиску до втор гол. Сепак, голманот Рниќ ја спаси својата мрежа, а најголемата шанса ја испушти Марио Станковски, кој небранет од пет метри не успеа да го погоди голот.
На крајот, бодовите останаа во Скопје и Работнички успеа да ја отвори сезоната според планот. Во наредното коло, избраниците на Влахо ќе гостуваат кај Академија Пандев, додека Борец во Велес ќе го дочека Тиквеш.
Преземено од gol.mk
Можеби ќе ве интересира: