Лидерот на табелата во Првата женска фудбалска лига, Каменица Саса потешко одколку што очекуваа ги освоија трите бода во Велес. Тие ја совладаа екипата на Борец со 0:2.
Домаќините долго одолеваа на нападите на Каменица Саса, натпреварот беше решен за само три минути. Најпрво Дервиши во 68 минута ја затресе мрежата на Борец, за да само три минути подоцна Димитриовска го постави конечниот резултат од 0:2.
Фудблаерките на Борец останува да бараат бодови на следните натпревари. Веќе во среда е закажано 20 коло, а Борец гостува во Прилеп кај екипата на Деспина.
Можеби ќе ве интересира: