Спасувачите во Индија спасија четиригодишно момче од урнатините на зградата која се сруши вчера, каде загинаа 13 лица, а се бараат уште 60 други.
По извлекувањето на детето следеше аплауз од сите лица кои присуствуваа на акцијата за спасување.
Десетици луѓе сè уште се борат за живот под рушевините, но никој не знае колку точно има, изјави на АФП полицискиот началник во Махад, град на 120 километри јужно од Мумбај.
Властите во Индија стравуваа дека околу 200 луѓе се наоѓаат под урнатините, но подоцна го намалија бројот затоа што многу жители не биле дома во моментот на несреќата.
Можеби ќе ве интересира: