Докторката Катерина Спасовска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, во свое видео обраќање кажа дека целиот персонал е исцрпен, но останува ентузијазмот и мотивацијата да се помогне на секого.
„Преморени сме, но сѐ уште сме ентузијасти и мотивирани да помогнеме на секој кој има потреба од наша помош. Почитувајте ги мерките за да се заштитите себеси и да ни помогнете на нас, здравствените работници”, рече во обраќањето д-р Катерина Спасовска од Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби.
Таа ги замоли сите граѓани да им помогнат нив, да си помогнат себеси, да си го заштитат своето здравје и да ги почитуваат мерките.
Можеби ќе ве интересира: