(ВИДЕО) Дебакл на Борец против „гипсарите“

Borec Renova

Продолжува агонијата на Борец. Ниту тренерска смена не донесе позитивни ветришта во клубот. Денес на стадионот „Зоран Паунов“ беа декласирани од Ренова со резултат 1:4.

Zito akcija 640x289px

Натпреварот беше решен во првите 27 минути кога гостите поведоа со 0:3. Стрелци на головите беа Али во 11 минута, Селмани во 14 минута и Мена Перез во 27 минута, кој го совлада голманот Рниќ , по асистенција на Шефити. 

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Домашниот тренер Јане Николоски реагираше со три измени на полувремето. Неговата екипа доби на свежина, во обид да го ублажи поразот. Гостите им ја препуштија играта на противниците, кои играа да постигнат барем гол за утеха. Наместо тоа дозволија нова контра и печат на победата со вториот гол на Селмани. Во последните минути погоди Ѓорѓи Ѓорѓиев и донесе мала радост кај велешани.

Содржината продолжува под рекламата

По ова 14 коло Борец остана на претпоследното 11 место со освоени осум бода, а во наредното коло гостува на штипска Брегалница.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: