Деле Али е класичен пример за пропаднат фудбалски талент, откако некогашната суперѕвезда од времето кога блескаше за Тотенхем за само неколку години успеа да го допре дното во кариерата.
Откако мина неколку неуспешни позајмици Деле Али сега се мачи да најде нов клуб, но некогашниот фудбалски велемајстор го привлече врз себе вниманието со ексклузивното интервју дадено во подкаст-емисијата на Гери Невил, во кое Али говореше за ненормалните услови за време на своето детство.
„На шест години ме малтретираше и сексуално ме злоставуваше пријател на мајка ми. Тој живееше во куќата до нашата. На седум години ме одведоа во Африка за да се научам на дисциплина. Уште тогаш почнав да пушам, а на осум години веќе бев дилер на дрога. Мојата мајка беше алкохоличарка. Еден возрасен човек ми кажа дека полицајците не запираат деца на велосипеди, па јас се возев по соседството и препродавав друго. На 11 години видов како еден сосед се самоуби. На 12-годишна возраст бев посвоен од едно неверојатно семејство. Не можев да пронајдам подобри луѓе поради сето она што го направија за мене. Ако Бог ги создал луѓето да шират добрина по светот, тогаш тие дефинитивно служат на остварување на таа цел“, го прокоментира Деле Али своето траорно детство.
Тој обелодени дека и неодамна се соочувал со сериозни здравствени проблеми и морал да мине извесен период во клиника.
„Кога се вратив од Турција дознав дека ми е неопходна операција. Психички бев во многу лоша состојба, тешко го поднесов сето тоа и одлучив да посетам модерна устанува која се занимава со ментално здравје на луѓето. Почувствував дека е време за таков чекор бидејќи бев во многу лош период од животот. Секој ден се будев, се обидував да бидам насмеан, позитивен со сите, но внатре во себе ја губев битката. Шест седмици бев во таа установа, а луѓето од Евертон беа максимално коректни и ми дадоа целосна поддршка. Имав и друг вид на проблеми, станав зависен на таблети за спиење. Тоа не е само мој проблем, многу е почест во светот на фудбалот отколку што можете да замислите. Со нашиот распоред и сите оние утрински тренери, морате да бидете одморени и полни со адреналин. Земате таблета за да ви помогне, но ако сте психолошки скршени како што е тоа случајот со мене, може да има и сосема поинаков ефект“, објасни поранешниот англиски репрезентативец.
Dele Alli says it all to @GNev2. ❤️
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) July 13, 2023
“That was heartbreaking”.pic.twitter.com/lySmw8n4kw
Можеби ќе ве интересира: