(ВИДЕО) Драматични сцени од Хрватска, загина 12-годишно дете, луѓе се наоѓаат под урнатините

hrvatska zemjotres
hrvatska zemjotres

Силен земјотрес и денеска ја погоди Хрватска, а епицентарот на потресот со јачина од 6,2 степени беше во близина на Петриња, но тој силно бил почувствуван низ целата земја, а и во регионот.

Zito akcija 640x289px

Во земјотресот што предизвика големи рушевини во Петриња загина 12-годишно дете потврди градоначалникот Даринко Думбовиќ.

Agria

Градоначалникот во својата прва изјава рече дека половина град е уништен и побара итна помош да биде испратена до Петриња.

„Извлековме мало дете од четири години, градот е уништен, не може повеќе да се живее во него. Катастрофа, мајките плачат за своите деца, не знам што е во една градинка, што во другата. Сопругата ме бара, нешто ѝ паднало на глава. Ни треба помош, потребни ни се итни служби“, нагласува Думбовиќ.

Првите извештаи покажуваат дека има повредени и дека материјалната штета е голема. Освен Петриње, материјални штети има и во Сисак.

Во најтешко погодениот град пристигнуваат и 300 припадници на хрватската војска. Локалните власти бараат граѓаните да ги користат своите лични возила само во итни случаи.

https://www.youtube.com/watch?v=Kygto91u5UQ&feature=emb_title
https://www.youtube.com/watch?time_continue=63&v=7BAzryuLi7A&feature=emb_title

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: