(ВИДЕО) Драматично се намалува бројот на жители во вардарскиот дел на Македонија

Veles mart 2022

Цел еден град колку Свети Николе изгубиле деветте општини од вардарскиот плански регион во последните 20 години. Вкупно 15.813 жители помалку имаат Велес, Кавадарци, Неготино, Свети Николе, Чашка, Демир Капија, Росоман, Градско и Лозово заедно, покажаа резултатите од пописот.

Zito akcija 640x289px

Најголем одлив има Велес, кој загубил 6645 жители или 12% помалку во однос на 2002 година, но процентуално, Лозово останало без една петтина од своето население. Единствената општина која го зголемила бројот на жители е Чашка, која има 3,5 проценти повеќе резиденти од пред 20 години. Чашка е и единствената општина од овој регион, која за 20 години ја сменила етничката структура на население.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Таму македонскиот етникум, кој пред две децении беше 57 проценти, повеќе не е мнозинство, откако жителите Албанци на последниот попис ги има нешто повеќе од половина, на сметка на Македонците, кои сега се 35 отсто.

Содржината продолжува под рекламата

За Аце Коцевски, експерт за локална самоуправа и поранешен градоначалник на Велес, пописните податоци не се изненадување. Тие се резултат на трендовите, граѓаните на сиромашните земји својата егзистенција да ја бараат во државите од западниот свет. Но, преголемата исполитизираност дополнително ја испразни државата, вели Коцевски.

Иако важи за град со развиена индустрија и земјоделство, Кавадарци е помал за 3008 жители или за 20 годнини загубил 7,8 проценти од своето население. Соседното Неготино има најмал одлив од сите општини во овој регион. Таму има 1018 жители помалку, што е намалување за 5,3 проценти од пред две децении. Под 10 процентен одлив има и Росоман, кој се намалил за 345 жители. Свети Николе драматично се празни откако од 18 и пол илјади жители во 2002-та, сега брои 15 илјади и 300. Со слична прогресија се намалуваат и Демир Капија и Градско. Според Коцевски, на Македонија и се случи метрополизација. Поради нецелосната фискална децентрализација на општините, Скопје се полни, додека градовите од внатрешноста се празнат со жители.

Тројца членови во просек живеат во едно домаќинство сега, за разлика од 3,25 пред две децении. Новиот попис го спушти Велес едно место подолу по бројот на градови со најмногу жители, откако Струмица го престигна на оваа листа.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: