Општина Струмица изгради велосипедска инфрастуктура во рамките на еко-урбана мобилност. Проектот е со вредност од 750 илјади евра финансиран од ЕУ.
Содржината продолжува под рекламата
„Првичната идеја, нам, како Локална самоуправа ни беше да направиме трансформација на целиот град, велосипедот не биде користен само како рекреативно средство. Напротив, сакаме да го воведеме велосипедот како средство за превоз низ градот. Ја искористуваме положбата на Струмица затоа што преку 80 проценти од градот е на рамен терен“, изјави Костадин Костадинов Градоначалник на Општина Струмица.
Содржината продолжува под рекламата
Целото видео можете да го погледнете тука.
Со користење на Памп патеката, корисниците можат да научат да возат велосипед, додека за поискусните велосипедисти, истото може да служи и како полигон за тренинг. Возењето на Памп патеката е физички интензивно и го зајакнува развојот на моторичките вештини. Со уникатниот дизајн, погодно е за користење велосипеди, тротинети, скејтборди, ролери и друга спортска опрема на тркала.
Можеби ќе ве интересира: