(ВИДЕО) Филипче: Ќе ги набавиме и оние лекови за хронично болните, кои кај нас ги нема

Filipce 29.03.2020

Почната е постапка за набавка на лекови за хронично болните, кои досега се набавуваа од странство, за некои од нив веќе лекови има. Ова го кажа министерот за здравство Венко Филипче на денешната прес конференција, како одговор на прашањето на Батали.нет.

Zito akcija 640x289px

Министерот Филипче им предложи на оние хронично болни пациенти, кои досега лековите ги набавуваа на скопските клиники, да се снабдат со лекарства за два до три месеци, за да не мора да доаѓаат во Скопје.

Agria

Во продолжение, погледнете го одговорот на министерот Филипче, на прашањето на Батали.нет за набавката на лекови.