Поранешниот фудбалер Трајче Шопов е избран за нов претседател на ОФС Велес. На вечерашното Реодовно изборно собрание на ОФС Велес, на кое присуствуваше и прставници од ФФМ, Трајче Шопов едногласно ја доби довербата од делегатите на собранието на општинскиот сојуз.
„Ви благодарам за големата подршка, се надевам дека ќе работам исправно во рамки на моите можности спортски, пред се фудбалски, транспарентно, отчетно. Кој што рабити може и да згреши, но тие грешки да не бидат намерни. Ќе се работи по план и програма, во најкратко време ќе го свикаме Управниот одбор и за понатамошниот тек на работата благовремено сите ќе бидете известени, истакна Трајче Шопов по превземањето на функцијата претседател на ОФС Велес.
Шопов како прв човек на ОФС Велес доаѓа на местото на Лазе Ракиџиев како делегат на Тим Локомотива од Градско.