(ВИДЕО) Гир: Убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата

dejvid gir

Државните институции мора заеднички да работат да го намалат обемот на корупција, да воведат закони и правила на однесување и санкции за коруптивно однесување, но и треба да ги спроведуваат и извршуваат овие мерки. Борбата против корупцијата подразбира и градење негативна средина за сите коруптивни навики преку засилување на клучните системи за интегритет, јавните набавки и управување со јавни финансии, како и градење државни ревизорски институции и антикорупциски тела и партнерства со граѓанското општество, компаниите и слободните и независни медиуми.

Zito akcija 640x289px

Ова го порача евроамбасадорот Дејвид Гир, на отворањето на Регионалната конференција за борба против корупцијата, што се одржува денеска во Скопје во рамки на соработката со Регионалната антикорупциска иницијатива и Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал.

Agria

Според Гир убавите зборови не се доволни во борбата против корупцијата, додека граѓаните очекуваат резултати, нагласувајќи дека денешната конференција ја става корупцијата во поширок регионален контекст и кажува дека е заеднички предизвик што најдобро може да се решава преку соработка и размена на добри практики.

„ЕУ, заедно со земјите членки, ОН и другите меѓународни партнери ќе ги поддржат нашите партнери од Западен Балкан во нивните напори за подобрување на демократијата, јавната доверба во институциите и да се направи еднакво поле за натпревар, конкурентност и еднакви можности за сите“, изјави Гир.

Заменик шефот на Мисијата на САД Мејер со порака до власта – САД слуша и очекува.

Вицепремиерката Славица Грковска пак нема илузии дека корупцијата целосно ќе биде победена. Денеска беше децидна: секој ќе полага испит за политичка зрелост, оние кои ќе го положат ќе опстојат, останатите ќе бидат избришани од граѓаните. 

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34819/nasilnik-odi-vo-pritvor-fizichki-ja-napadnal-poraneshnata-sopruga/