(ВИДЕО) Ѓорѓевски ja спаси Македонија Ѓ.П., а Борец остана без цел плен

RK Borec RK MakedonijaGj P

Ракометарите на Борец и Македонија Ѓорче Петров ремизираа 25:25, со голот кој по истекот на регуларните 60 минути го постигна Ѓорѓевски низ поставениот блок на домашните играчи.

Zito akcija 640x289px

Иако во денешниот натпревар екипата на Игор Тодоровски настапи со само 11 играчи, во првото полувреме одлично го контролираше натпреварот. Добрата игра на Лазар Стојанов, Илија Табаков и Стефан Гугуталиев донесоа предност на полувреме од 17:13.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Во вториот дел пад во играта на велешани. Тоа го искористи Ѓиноски, кој со неговите погодоци, гостинскиот тим успеа на седум минути пред крајотда има водство од 21:23. Сепак домашните ракометари со погодоците на Табаков и Сиљанов и Стојанов на триесетина секунди пред крајот на натпреварот носат предност за домаќините 25:24.

Содржината продолжува под рекламата

И кога сите во салата„Гемиџии“ очекуваа победа за домашниот тим, Ѓорѓевски по истекот на регуларните 60 минути  постигна фантастичен гол низ поставениот блок на домаќините за поделба на бодовите 25:25. Најефиаксни Во екипата на Борец беа Лазар Стојанов со седум, Илија Табаков со шест и Стефан Гугуталиев со пет погодоци, додека кај гостите се истакна Максимилијан Ѓиноски со осум погодоци.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: