Кеги Моби ги запиша првите три бода во шампионатот. По несреќниот пораз во првото коло денес на домашен терен со убедливи 6:1 го декласираше Енхалон од Струга.
Домашните во текот на целиот натпревар доминираа, имаа повеќе од играта и шанси. Првиот гол падна во 11 минута преку Ѓуров, а до крајот на првиот дел во 18 минута Адиловиќ зголеми на 2:0.
Содржината продолжува под рекламата
Гостите се вратија во игра во 24 минута преку Агушевски, но Кеги Моби со трите гола на Левков во 28, 29 и 35 минута и вториот гол на Ѓуров во 32 минута дојдоа до првата победа во првенството. Натпреварот го одбележа и повредата на гостинскиот играч Цаноски, кој со помош на медицински лица беше изнесен од спортската сала “Гемиџии“.
Можеби ќе ве интересира: