Како се наближува сабота, денот кога ќе се одигра бараж натпреварот против екипата на Влазерими, така тензијата расте. Од Фудбалскиот клуб Борец ги повикуваат сите симпатизери на клубот, како и цела македонска спортка јавност да дојде во Битола и има даде подршка на најважниот натпревар во сезоната.
Текстот продолжува под рекламата
„Ги повикувам Гемиџиите, град Велес, сите заедно во сабота, од 17 часот во Битола, на стадионот „Петар Милошевски“, да го бодрат Борец, и да го вратиме клубот онаму каде што му е местото“, изјави Кирил Ивановски, капитен на Борец 1919 АД.
Текстот продолжува под рекламата
Фудбалскиот клуб Борец обезбеди превоз за сите оние кои сакаат да го бодрат клубот. Автобусите поаѓаат од паркингот кај Гимназијата „Кочо Рацин“, во 13 часот.
Можеби ќе ве интересира: