Измет и фекалии се слеваат низ улицата „Стеван Богоев“ во Велес, зад црквата „Света Богородица“. Граѓани кои живеат на оваа улица и пред чии куќи се слеваат фекалиите велат дека проблем е дефект на канализација, која е затната, па изметот од четири куќи тече по нивната, па преку улицата „Ј.Х.К. Џинот“, се слева во потокот.
„Пријавивме во ЈКП Дервен, тие дојдоа, видоа и рекоа дека тоа не е во нивна надлежност, туку станарите од четирите куќи треба сами да си го решат проблемот. Ние останбатите кои живееме тука, ни криви, ни должни мораме да газиме измет, кој го внесуваме во нашите домови, од што можеме да добиеме зараза. Ги повикуваме надлежните побрзо да реагираат и да го решат овој случај, за да не дојде до потешки последици“, рече Ангел Петрушев, жител на улица „Стеван Богоев“.
Можеби ќе ве интересира: