(ВИДЕО) Јанчев: Ќе бидам кандидат на ВМРО ДПМНЕ за нов градоначалнички мандат

Mitko Jancev naslovna

Актуелниот градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев е уверен дека на претстојните локални избори, неговата матична партија ВМРО ДПМНЕ повторно ќе го кандидира. Во интервју за ТВ 24 и Батали.нет, Јанчев вели дека нема ништо против доколку во партијата се појави кандидат кој ќе има поголем рејтинг од него.

Zito akcija 640x289px

„Јас како Јанчев ќе ја барам довербата на кавадарчани, во уште еден мандат. Мислам дека ќе бидам кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Секој можен противкандидат кој може да направи за Кавадарци, би дозволил да има дискусија, не би именувал никој. Не мора да се каже дека ако некое име се врти сега (Наќе Чулев), не значи дека тој ќе е противкандидат за градоначалник. Јас не верувам дека има шанси ВМРО-ДПМНЕ да не ми ја даде довербата. Мислам дека партијата треба да се соедини, да направиме добри резултати на наредните Локални избори“, рече Јанчев.

Agria

Односите со Христијан Мицковски се подобрени, вели Јанчев, кој открива дека, за разлика од порано, сега имал многу почеста комуникација со лидерот на ВМРО ДПМНЕ.

„Разликите во мислењето треба да го ставиме на страна, за доброто на граѓаните. Имаше моменти кога имавме послаба комуникација со Мицкоски, но сега имаме поинтензивна комуникација. Од раководството не сум слушнал да ме критикуваат дека сум одработувал за власта, никогаш не сум работел против партијата, во иднина сакаме нормализирање на соработката во сите општини, без разлика кој ќе е во централната или локалната власт“, рече Јанчев.

Во интервјуто, Јанчев зборува и за спортските успеси на кавадаречките клубови и за јубилејот 30 години постоење на навивачката група „Лозари“.

Целото интервју со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев погледнете го подолу.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/21276/kovid-19-ischeznuva-samo-10-aktivni-veleshani-vo-ovoj-moment/

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: