Брзоногиот крилен фудбалер на Борец 1919, пред првиот натпревар од сезоната ги искажа своите очекувања за сезоната во Втората фудбалска лига, како и за премиерниот меч против екипата на Башкими.
Содржината продолжува под рекламата
„Подготовките за новата сезона ги започнавме со полна пареа и се подготвуваме за првото коло. Поради технички причини се одложи натпреварот. Сепак ние работиме напорно и се подготвуваме за тој меч. Имаме големи очекувања оваа сезона. Се надеваме на победа во вторник, пред домашна публика, домашен терен. Ќе играме за публиката, ќе играме за нас, за ова лого на клубот кое го носиме“, изјави Јосиф Манасиев, фудбалер на Борец 1919.
Содржината продолжува под рекламата
Натпреварот против Башкими требаше да се одигра денес, но поради технички причини тој е презакажан за во вторник 20.8.2024 со почеток од 17 часот.
Можеби ќе ве интересира: