(ВИДЕО) Јованче Манасков: ВМРО-ДПМНЕ го исмеваше Младинскиот парк, а сега таму држи митинг

СДСМ го обвини ВМРО-ДПМНЕ за лицемерие поради тоа што вчерашниот митинг го одржале во Младинскиот парк, место кое, како што рече носителот на советничката листа Јованче Манасков на денешната прес конференција, самите порано го исмејувале.

„Крајно лицемерно од ВМРО-ДПМНЕ беше што вчерашниот митинг го одржа во Младинскиот парк, наместо во амфитеатарот, што е на неполни 100 метри оддалеченост или на некоја друга локација,“ рече Манасков, потсетувајќи дека токму кога бил реконструиран паркот и изградена фонтаната, опозицијата ја нарекувала „поило за коњи“.

Agria

„Сега Младинскиот парк со фонтаната им е култно место, најубаво место во градот за сликање и за правење митинзи. Тоа што ја изгазија и оштетија тревата воопшто не им е важно,“ додаде тој.

Манасков ја обвини ВМРО-ДПМНЕ дека иста струмичка фирма која ги обезбедувала техничките ресурси за Питијадата, како бината, озвучувањето и осветлувањето, стои и зад организацијата на митингот на партијата.

„Се лажат ако мислат дека е неважно тоа што, на митингот бината, озвучувањето и осветлувањето им ги обезбеди истата струмичка фирма која ги обезбеди истите работи на Питијадата,“ рече Манасков, додавајќи дека истите пејачи настапиле и на проектот „Македонијо во срце те носиме“ и биле платени со општински пари.

Тој порача дека граѓаните нема да се излажат од ваквото однесување.

„За среќа, граѓаните не се наивни, гледаат и слушаат што се случува, добро знаат дека тоа не е во ред и затоа ќе ги казнат на изборите во недела,“ изјави Манасков.

Тој посочи и дека најголем дел од ветувањата на градоначалникот Марко Колев не се во општинска, туку во државна надлежност и дека дел од проектите повторно се ветуваат иако не биле реализирани од 2021 година.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ се обидува да ја префрли вината врз опозицијата иако, како што рече, токму нивното владеење оставило последици по државата.

На крај, Манасков ги повика граѓаните на масовно излегување на изборите.

„Затоа драги велешанки и велешани, ве повикувам да не се плашите, масовно да излезете на изборите, да гласате со чиста совест и здрав разум и довербата да им ја дадете на тие кои ќе ја вратат насмевката на вашите лица, ќе ги отворат перспективите и кои вам и на вашите семејства ќе ви обезбедат достоинствен и квалитетен живот.“


Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: