(ВИДЕО) Кадетите на Бисинов го совладаа Тиквеш во Кавадарци

Конечно добри вести за велешкиот ракомет. Кадетите на Бисинов денес во рамки на првото коло од Кадетска лига Група Б, беа подобри од своите врсници Тиквеш со резултат 33:22.

Zito akcija 640x289px

Во првиот дел се играше изедначено, со промена на водствота на двете екипи до резултат 10:10. Потоа велешани за прв пат поведоа со два гола разлика 12:10, а до крајот на првиот дел предноста ја зголемија на 16:12. Во вториот дел ракометарите на Бисинов само ја зголемуваа предноста за конечни 33:22.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Машката кадетска лига во новата сезона, ќе се игра во три групи, поделени по региони. Натпреварите ќе се играат еднокружно во два дела, есенски и пролетен дел. По завршување на овие натпревари, ќе се играат четвртфинални натпревари. Од групата А се пласираат првите три екипи, од групите Б и В се пласираат првите две екипи и подобрата екипа од бараж натпреварот помеѓу трето пласираните екипи од групата Б и В. Домаќинот на тој натпревар ќе се одреди со ждрепка.

Потоа се одигрува по еден четвртфинален натпревар и тоа ќе се одреди со ждрепка, со тоа што не може да играат екипи кои играле во иста група меѓу себе. Победниците од четвртфиналните натпревари, ќе се пласираат на Ф4 турнирот. Двојките за полуфиналните натпревари ќе бидат одредени со ждрепка.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/34008/krizata-na-borecz-prodolzhuva-kamenicza-sasa-slaveshe-vo-veles/