Екипата на Кеги Моби не успе да направи изненадување, иако два пати имаше водство и загуби од аспирантот за титулата составот на КМФ Проект со 3:5, полувреме 2:3. Главна фигура на теренот беше Ранготов кој даде четири гола за КМФ Проект.
Први во водство дојдоа домаќините преку Костадин Петров во 10 минута. Гостите возвратија од пенал со првиот гол на Ранготов во 12 минута. Во 16 минута домаќините одново доаѓаат во водство преку Левков. До крајот на полувремето КМФ Проект направи целосен пресврт со головите на Стефан Димовски во 19 и Ранготов во 20 минута.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел со Ранготов постигна уште два погодоци во 24 и 26 минута за водство од 2:5. До крајот на натпреварот Адиловиќ во 30 минута само го ублажи поразот за конечни 3:5.
Во наредното коло Кеги Моби гостува кај актуелниот шампион на Македонија екипата на Шкупи.
Можеби ќе ве интересира: