(ВИДЕО) Кој ќе биде победник? Доналд Трамп прогласи победа, Бајден победува во Аризона

Bajden i Tramp

Рано утринава на прес конференција претседателот на САД, Доналд Трамп рече дека изборите се фалсификувани, дека затоа ќе оди на Врховен суд и побара да се запре броењето на гласовите.

Zito akcija 640x289px

„Благодарам на Американците за неверојатната поддршка. Милиони гласаа за нас, а една група на луѓе пробува нешто друго, тоа нема да го трпиме“, рече Трамп.

Agria

„ Сите оние држави што ги добивме вечерва… И одеднаш – што се случува? Знаете што се случува? Тие беа свесни дека не можат да ги добијат изборите и сега ни велат да одиме на суд. Јас го кажувам тоа од самиот почеток. Тие ќе испратат десетици милиони гласови и ако не успеат да ги добијат, ќе одат на суд. Флорида беше победа, неверојатна победа, па Тексас, Охајо. И таму убедливо победивме “, рече Трамп.

Иако во повеќе држави сеуште не се објавени конечните резултатите американскиот претседател прогласи победа. Според престижниот Си-ен-ен, во Пенсилванија, на пример, води неговиот конкурент, Џо Бајден. Резултатите од ова сојузна држава се очекува да бидат објавени денеска попладне, а можеби и утре.

Од друга страна Џо Бајден победува во Аризона, и добива 11 изборни гласа во една од клучните држави во трката за претседателската функција, според проекции на американски медиуми.

Џо Бајден е првиот демократ што ја „освоил“ Аризона, која Трамп ја освои со 3,5 отсто во 2016 година, од 1996 година. Победата му отвора полесен пат на Бајден да стигне до 270 изборни гласови.

Можеби ќе ве интересира:

https://batali.net/15111/maradona-operiran-hirushki-mu-beshe-otstranet-hematom-vo-mozokot/