(ВИДЕО) Ќумбев: Немаме услови за играње на летни горештини

Pance Kumbev
Pance Kumbev

Синдикатот на фудбалери на Македонија реагира на одлуката на Фудбалската федерација на Македонија да се доигра прекинатото првенство во првата лига. Првиот човек на синдикатот Панче Ќумбев вели дека решение за првенството мора да има, но мора и да се води сметка за здравјето на фудбалерите.

Zito akcija 640x289px

Ќумбев најави дека веќе почнал скринингот со тестирање за коронавирус кај клубовите. Тој вели дека играњето во ритам два пати во неделата во летниот период, кога температурите ќе бидат неподносливи ќе биде многу тешко. Првиот фудбалски синдикалец смета дека во Македонија нема услови за играње на летни горештини. Освен Градскиот стадион во Скопје и донекаде стадионите во Струмица и Штип, остатаните немаат услови за играње во вечерен термин.

Agria

„Најтешко ќе им биде на тренерите во такви услови да ги подготват екипите за натпреварите, по пауза од два месеци, кога играчите, освен индивидуални, немале тимски тренинзи“, вели Ќумбев.

Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија вчера одлучи да се доигра првенството само во Првата лига, но само последните четири кола, без да се игра третиот круг од натпреварувањето. Потоа ќе следи одигрување на натпреварите од плеј оф кој ќе го реши шампионот, но и екипите што ќе ја претставуваат земјава во фудбалска Европа. Плеј аутот нема да има никаков нетпреварувачки карактер, бидејќи ќе нема излегување од лигата.

Погледнете ја изјавата на Панче Ќумбев – претседателот на Синдикатот на фудбалери на Македонија:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: