
Агенцијата за лекови одобри увоз на лекот „Фавипиравир“ кој според испитувањата дал позитивни резултати во лекувањето на Ковид-19. Директорот на МАЛМЕД Љирим Шабани денеска во Утрински брифинг на Слободна ТВ најави дека наскоро се очекува да пристигне лекот од Турција, додека za оригиналот кој треба да пристигне од Јапонија ќе треба да почекаме.
„Последниве две недели до Агенцијата за лекови пристигнаа неколку барања од болници и фармацевтски компании, за увоз на лекот Фавипиравин. Ние како агенција веднаш постапивме согласно процедурите кои ги имаме пропишано. Се обративме и до Комисијата за заразни болести и добивме извештај за оправданост од лекари и инфектолози и кога се тоа беше комплетирано, во петокот одобривме интервентен увоз на лекот Фавипиравир“, рече Шабани.
Тој нагласи дека станува збор за лек кој пред шест години е регистриран во Јапонија и се користи за лекување на други болести, меѓутоа последните испитувања покажуваат дека помага при третман на Ковид-19 и се употребува во многу земји.
Директорот на Агенцијата за лекови апелираше и кога ќе пристигне лекот да се издава под строга контрола на лекар, и никако да не биде користен на своја рака. Тој нагласи дека испитувањата кои биле направени покажале дека Фавирата дава добри резултати особено ако се прима на почеток на болеста.
„Министерството за здравство и ние како Агенцијата за лекови сме вклучени во синџирот за набавка на вакцината против Ковид-19, и верувам дека првиот момент кога ќе има достапност на вакцина, ние ќе ја добиеме во Македонија. Имаме и точни утврдени прописи на кој начин најбрзо истата да стигне до пациентите. Во Македонија можат да влезат лекови преку регистрација, Агенцијата увозможува увоз и достапност на лековите. Но, во вакви интервентни ситуации законот дозволува по скратена постапка да направиме увоз на лекови“, нагласи Шабани.
Извор: libertas
Moжеби ќе ве интересира:
