„Подготвен сум со Владата да ги споделам нашите предлози за надминување на кризата од коронавирус“, истакна денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На денешната прес-конференција тој рече дека на Владата и на државата е потребна помош.
„Затоа јас подавам рака. Подготвен сум, ако треба, да дојдам во Влада да ги презентирам решенијата и, на крај, да ги спроведеме најдобрите мерки за граѓаните. Имаме три главни чекори за излез од кризата. И претходно дававме решенија кои беа прво одбивани, а потоа се спроведуваа“, рече Мицкоски.
Тој е подготвен да ги одбрани неговите решенија за излез од кризата и да го направи тоа што е најдобро за граѓаните. Мицкоски рече дека ова не е време за политиканство, туку за конструктивност.
Погледнете ја целата прес конференција на лидерот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски.