Полицијата синоќа приведе еден од двајцата двајцата мажи кои во автобус на ЈСП со погрдни зборови им се закануваа на патниците, потврдуваат од МВР. Засега сеуште информација дали е пронајден и вториот учесник во инцидентот по кого се трагаше.
МВР и натаму трага по вториот учесник во настанот, а полицијата потврди дека работат на брзо расчиствување на случајот.
За потсетување, учесниците на видеото се слуша како упатуваат смртни закани кон патничка, бидејќи им беше посочено да стават маска.
„Не се занесувајте“;
“Значи маска, абе нема држава, ќе работи државата за мене и за полицијата. Немој госпоѓо, ќе те носам у киселина, ќе те топам, не знаеш со кого си имаш работа“;
Ај да ги направиме познати МОРОНИВЕ! Жена во години им вели да стават маска, тие ја тепаат! Се закануваат на пола автобус дека ќе му сечат глава и дека ќе ги ставаат во киселина! На крај ја напаѓаат девојката која снима! #ПодМачБато pic.twitter.com/TqDsXilg8s
— Charles Boycott (@JohnnyParka) January 8, 2021