Властите во Орегон соопштија дека повеќе од 500 000 жители се принудени да се евакуираат поради пожарите.
Потпомогнати од суви, топли ветрови, десетици пожари моментално се активни низ државата и се верува дека барем еден од нив е подметнат. Кејт Браун изјави дека најмалку четири лица загинале, но стравува дека бројот на жртвите ќе биде поголем.
Над 100 пожари горат во 12 сојузни држави на американскиот запад, при што се уништени цели градови.
Агенцијата за вонредни состојби на Орегон потврди дека повеќе од 10% од 4,2 милиона жители на Орегон биле принудени да ги напуштат своите домови.
„Никогаш досега не сме виделе толкаво количество нескротени пожари низ државата. Ова нема да биде еднократен настан, ова ќе се повторува во иднина како последица на климатските промени“, изјави гувернерката Браун.
Се верува дека еден од најуништувачките пожари, Алмеда, е подметнат. Тој се поврзува со два смртни случаи и досега уништи стотици домови во градовите Феникс и Талент.
64.000 луѓе добиле наредба за евакуација.
Можеби ќе ве интересира: