Филтер за прочистување на вода, кој се монтира на секое шише им донесе прва награда на осум ученици од средното стручно училиште „Димитрија Чуповски“ од Велес. Оваа иновација беше избрана за најдобра на скороодржаниот Камп за иновации, организиран од „Џуниор ачивмент Македонија“.
Осумтемина ученици, кои се на средината на своето средношколско образование во струката фармација, цела година работеле на оваа иновација. Се тргнало, кога на ова момче, Петар Стојановски, пребарувајќи на интернет, му светнала идејата.
Преку ваквите иницијативи, се развива и претприемачкиот дух, велат учениците, кои себе си во иднина се гледаат и како претприемачи, но и како иноватори.
Иновацијата која на овие ученици им донесе високо признание се уште е само на хартија.
Професорката и нивна менторка Драгана Јованова вели дека следен предизвик е нејзина реализација. Кампот за иновации е поддржан од УСАИД и Фондот за иновации.
Можеби ќе ве интересира: