(ВИДЕО) Немили сцени во Атина откако дојде до судир на навивачките групи на Аек и Динамо Загреб, едно лице загина

huligani dinamo aek tepacka
huligani dinamo aek tepacka

Доцна синоќа пред вечерашниот дуел од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите меѓу Динамо Загреб и АЕК дошло до голем судир меѓу двете групи навивачи во кој што загинал еден грчки фан.

Zito akcija 640x289px

УЕФА претходно им забрани на навивачите да гостуваат за да избегнат инциденти, но во понеделникот вечерта имаше премногу страшни сцени.

Agria

Според информациите на порталот „Спорт24“, хрватските навивачи убиле 22-годишен навивач на АЕК.

Поголема група на „Бед Блу Бојс“ успеала да влезе во Грција, а судирот се случил во населбата Неа Филаделфија во градот каде што се наоѓа и стадионот на АЕК.

Според грчките медиуми тоа било вистинска „улична војна“, а од видеата на социјалните мрежи се гледаат десетици фанови со шипки. Досега се уапсени 91 лице.

Грчкиот портал напоменува дека младиот навивач на АЕК бил усмртен од остар предмет, додека неколкумина повредени се префрлени во Црвениот крст. Засега се верува дека има десетици повредени.

„Во болницата имаше и припадници на полиција и обезбедување, а нивниот број со текот на времето растеше за да се избегне најлошото. Во исто време, сепак, дошло до голема тензија меѓу роднините кои отишле во болница за да ја дознаат состојбата на повредените“, се вели во текстот.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: