(ВИДЕО) Ништо ново на кошаркарските терени во Македонија, прекинат натпревар поради напад на кошаркар

Натпреварот меѓу Чаир 2030 и Работнички од 9. коло во Првата македонска кошаркарска лига нема да биде доигран, а Работнички на „зелена маса“ ќе ја однесе победата по тешкиот инцидент кој се случи вчера во втората четвртина при водство за гостинскиот тим од 23-44, пренесува ekipa.

Zito akcija 640x289px

По прекинот кој траеше повеќе од половина час, судиската тројка во консултација со делегатот Данчо Ивановски донесе одлука натпреварот да не се доигра, и се очекува негова регистрација од 0-20 за Работнички.

Agria

Дополнително на сето тоа, КК Чаир 2030 ќе биде предаден на Дисциплинската комисија при КФСМ, и се очекува суспензија на теренот во салата „Шабан Трстена“, а чаирчани нема да добијат ниту бод за поразот.

Само за потсетување, Комесарот за натпреварување Милојевиќ му прогледа низ прсти на Чаир за време на минатогодишната второлигашка сезона, кога член на управата на клубот удри кошаркар на Вардар.  Останува да се види дали Комесарот овојпат ќе има храброст да санкционира онака како што заслужува ваков скандалозен инцидент.

Како што е познато, натпреварот кој се одигра вчера се прекина уште на првиот натпревар за Чаир 2030 во својата сала „Шабан Трстена“ откако по еден мал конфликт меѓу Нотиџ и еден од домашните кошаркари, навивач влета од позадина и го удри играчот на Работнички.

Извор: Ekipa

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: