(ВИДЕО) Обвинителството го истражува случајот со велешкиот пензионер Трајче Начаров

sudot veles sud
sudot veles sud

Обвинителството проверува дали во случајот со велешкиот пензионер Трајче Начаров има основи за да се отвори истрага. Ќе се истражува дали ова е изолиран настан или има и други осигуреници на кои им се случило како и на Начаров, пензискиот фонд, иако живи, да ги прогласи за починати, да им ја укине пензијата, а на сосема друга сметка да ги уплати нивните 35 илјади денари надомест за погреб.

Zito akcija 640x289px

„Обвинителството ќе го разгледа случајот, ќе прибави докази и ќе одлучи дали има основи на сомнение за сторено кривично дело“, велат од Основното јавно обвинителство Велес.

Agria

Првиот човек на Фондот за пензиско и здравствено осигурување Арсим Хасани во телефонски разговор вели дека го проверил случајот. Потврди дека е направена грешка, која била веднаш исправена, но тврди дека ова е изолиран случај и дека други такви немало. Запрашан дали некој ќе понесе одговорност што 71-годишниот Начаров е цел месец без пензија, Хасани за тоа ќе одлучи, откако стручните служби ќе го разгледаат случајот.

Nacarov

„Направена е ненамерна грешка, која веднаш е поправена. Случајот ќе го испитаме и ќе разгледаме што се случило, па потоа ќе решиме какви мерки ќе преземеме“, вели Арсим Хасани, директор на ПИОМ.

ТВ24 вчера ја објави сторијата за инвалидскиот пензионер од Велес Трајче Начаров, кого ПИОМ го завел како починат, му ја укинал пензијата, а на сметката на друг човек ја исплатил отпремнината за погребни услуги. Тој и неговата сопруга живеат само од таа пензија, па месецов морале да земаат пари на заем за да преживеат.

Од Фондот тврдат дека заедно со февруарската, на Начаров ќе му биде исплатена и јануарската пензија. Во меѓувреме, до нашата редакција стигнаа информации дека случајот со Начаров можеби не е единствен.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: