Нов пораз на фудбалерите на Борец. На стадионот „Зоран Паунов“ во Велес тие беа поразени од екипата на Охрид со резултат 1:2, и останаа заковани на дното на второлигашката конкуренција без ниту еден освоен бод.
Гостите од Охрид дојдоа на овој натпревар да ги освојат трите бода, ја имаа иницијативата и шансите, но први поведоа домашните. По една нафрлена топка во шеснаестникот на Охрид, Чичевски биеше со глава и го отвори резултатот во 45 минута.
Содржината продолжува под рекламата
Во вториот дел гостите притиснаа па како резултат на тоа Кристијан Костовски во 55 минута го израмни резултатот. Борец долго време одолеваша на нападите на гостите, се до 85 минута кога Мартин Нически го донесе пресвртот за охриѓани.
Малубројната публика остана разочарана од играта на Борец кој во следното коло гостува во Радовиш кај екипата на Детонит Плачковица.
Можеби ќе ве интересира: