Полицијата го потврди денешниот инцидент кога по спроведувањето во велешкиот суд пред судија на претходна постапка, осомничениот за кражба А.Р. (20) побегна од судница. Од велешката полиција велат дека нивни службеници го донеле и го предале осомничениот на судската полиција.
“Откако го предале на судијата, полициските службеници останале во ходникот пред судницата. Тој во судницата ја турнал дактилографката и избегал преку отворениот прозорец. По преземени мерки, во 11.00 часот А.Р. бил пронајден и приведен во СВР Велес.При превземањето мерки, во два наврати полициски службеници испукале предупредувачки куршуми во возудх”, велат од МВР.
Инаку, Батали.нет дознава дека осомничениот кој денеска побегна, а потоа беше фатен, е човекот од видеото објавено на нашиот портал пред неколку дена, на кое се гледа како влегува во подрумски простории на куќа во Велес и од таму краде билнаци со ракија.
Граѓаните на Велес подолго време се жалат на зачестените кражбите и разбојништвата во градот. Пред неколку дена, жителите од левата страна на Вардар се организираа и испратија петиција до велешката полиција за нејзин поголем ангажман во обезбедување на редот, мирот и безбедноста на граѓаните. Полицијата деновиве влегла во трагата на разбојниците и крадците и, како што велат, прашање на време е кога сите ќе бидат уапсени и против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.
Можеби ќе ве интересира: