(ВИДЕО) Полицијата заплени 18 парчиња оружје и 111 парчиња муниција, приведени десет лица

oruzje i municija
oruzje i municija

Вчера во периодот од 04.00 до 08.00 часот, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, во координација со Државен пазарен инспекторат спроведе акциска контрола на подрачјето на целата држава, со цел санкционирање на кривични дела и прекршоци од Законот за оружје, Законот за ловство, Кривичниот законик и др.

Zito akcija 640x289px

Во рамки на контролата утврдени се шест кривични дела од кои пет по член. 396 од Кривичниот законик – за недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи и еден по член. 215 од Кривичниот законик – за неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори. Констатирани се и 23 прекршоци од кои 17 по Законот за оружјето и Законот за ловство, додека шест прекршоци се однесуваат на други закони. Исконтролирани се 160 локации на подрачјето на сите сектори за внатрешни работи, приведени се 10 лица, а лишени од слобода се пет лица кои не ги почитувале горенаведените законски одредби. Воедно, при контролата одземени се 18 парчиња оружје и 111 парчиња муниција.

Agria

Против сите лица кои сториле прекршок или кривично дело, по документирање на случаите ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: