(ВИДЕО) Повеќе од 20 возила за превоз на деца биле неисправни

Tehnicki pregled vozila

Вчера (03.02.2022) во периодот од 06.30 до 09.30 часот, врз основа на утврдени приоритети за подобрување на јавната безбедност, како и почитување и доследно спроведување на законите, полициски службеници од Бирото за јавна безбедност при Министерството за внатрешни работи, спроведоа заедничка координирана акциска контрола на целата територија на државата, во која учествуваа сите сектори за внатрешни работи.

Zito akcija 640x289px

Притоа биле исконтролирани 328 возила кои вршат јавен превоз на деца кон училиштата на 104 локации, при што биле констатирани кривични дела и прекршоци од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести.

Содржината продолжува под рекламата

Agria

Од сообраќај биле исклучени 23 возила поради техничка неисправност и други констатирани недоследности. За време на контролата утврдени се 24 кривични дела по член 284-а од Кривичниот законик, во врска со вршење на јавен превоз без соодветна лиценца и 68 прекршоци кои произлегуваат од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, Законот за возила, Законот за заштита на населението од заразни болести.

Содржината продолжува под рекламата

По документирање на случаите, против сите одговорни лица кои сториле било каков прекршок или кривично дело ќе биде поднесена соодветна прекршочен или кривичен поднесок.

Можеби ќе ве интересира:

Сподели преку :

Facebook
Twitter
LinkedIn
Pinterest

Можеби ќе ве интересира: