Во пожарот во магацинот на фирмата Евроком кај тетовско Фалише изгореа бои и лакови и друг вид хемикалии, па надлежните препорачаа да се ограничи движењето во тој дел од Тетово, граѓаните да останат дома и со затворени прозорци. Според стручните лица согорувањето на вакви материјали создава отровни и штетни гасови во воздухот.
„Во моментов имаме јаглен моноксид, јаглен диоксид, пожарникарите се изложени. Диоксини и фурани се опасни материи, штетни материи. Наша препорака е без потреба да не се биде на ова мести и во радиус од два километри луѓето да бидат дома и да не излегува население. Потоа ќе се испита водата и почвата“, изјави д-р Ратко Давидовски од Центар за јавно здравје чија екипа беше на местото на пожарот.
Поради сериозноста на пожарот итно е побарана и помош од велешките пожарникари, и од пожарните во Скопје, Гостивар и Куманово.
Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов рече дека побарал помош од Армијата за да се испита што побрзо колку е загадувањето поради пожарот на големите колични хемиски материи.
Можеби ќе ве интересира: